Османи: Коалицијата на СДСМ и Беса е дефакторизирање на важноста на албанските гласови

од Aleksandar Todeski

Вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи гледа дефакторизирање на важноста на албанските гласови во коалицијата на СДСМ и Беса.

„Овој сојуз или ова „топење“ на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови. Со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси“, посочи Османи.

Вицепремиерот додаде дека тој и неговата партија се разочарани поради фактот што двете партии денеска постигнале нивна унификација заради, како што рече, мали лични и групни интереси.

Слични содржини