Османи: Нашиот сосед и пријател Грција нѐ поддржува во европската перспектива

од Nikola Popovski
267 прегледи

На средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за европски прашања Милтиjадес Варвициотис го потврдивме блиското и стратешко партнерство меѓу двете земји, истакна денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Според него, разговарале за перспективата на ЕУ-членството на земјите од Западен Балкан, со фокус врз напорите за формален почеток за преговорите во случајот на нашата држава.

-Нашиот близок сосед и пријател, Грција, продолжува со јасна поддршка на тој процес и во претстојниот период, потенцира Османи.

Претходно Варвициотис истакна Грција ја поддржува нашата земја во европската перспектива и апелира колку што е можно побрзо да се организира првата меѓувладина конференција со ЕУ.

-Нивна цел е Западен Балкан да се прошири, вели тој.

Слични содржини