Османи: Нема поделба на Косово

од Vladimir Zorba

Ако некој смета дека територијата на Косово ќе биде дел од преговорите, или со тоа да се даде или да се претвори Митровица во нефункционално место, ваквите планови нема да бидат дозволени, рече претседателот на Собранието на Косово, Вјоса Османи, пренесува Коха.

За време на нејзината посета на Јужна Митровица, таа зборуваше и за одлуката на Демократскиот сојуз на Косово да ја исклучи од Претседателството.

„Работата е дека ќе ме гледате уште повеќе на политичката сцена и ќе ме видите со луѓе кои сакаат најдобро за Косово и сега е јасно кои се тие“, рече Османи.

Османи додаде дека Самоопределување сè уште не ја контактирала во врска со собирањето потписи за гласање доверба во владата, пренесува „Косово Онлајн“.

Слични содржини