Османи: Ова стабилно мнозинство треба да продложи до редовните избори

од Берта Китинска

Државата има потреба од стабилност пред нас се битни прашања. Од 2006 година речиси секоја година државата е во избори.Доколку има избори со тоа три до четири месеци ќе има парализирање во системот.Треба ова стабилно политичко мнозинство да продложи до редовните избори, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со барањето на брзи предвремени избори од страна на опозицијата.

Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски повтроно повика на предвремени избори.

„Техничка Влада во февруари, избори во мај. СДСМ одамна нема кредибилитет да ја води државата“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Слични содржини