Османи: Писмото од бугарското МНР има една позитивна и една негативна страна

од Берта Китинска

Писмото од бугарскиот министер за надворешни работи го гледам како дефинирање на патоказот кој е еден од трите елементи за заокружување на решението кое ќе ги отвовори преговорите на С Македонија со ЕУ, вели Министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи го писмото кое бугарскто МНР вчера објави дека му го испратил Светлан Стоев на македонскиот колега.

„Треба да има решение, патоказ и одлука за почеток на преговори. Нема договор доколку некој од овие елементи недостасува“,рече денеска Османи.

Тој смета дека писмото што го добил има една позитивна и една негативна страна.

„Позитивната е што бугарската страна ги прифаќа предлозите од патоказот, но негативната страна е дека писмото стигнало по завршувањето на самитот со што нема одлука за почеток на преговорите, како клучен елемент од целосното решение“, вели Османи.

Слични содржини