Бујар Османи, портпаролот на Али Ахмети , продолжува со вадење на детали кои тој смета дека се клучни за билдање на позицијата на ДУИ и неговиот лидер Ахмети, за содржината на нивната платформа , која го доби називот „тиранска “ , и се тоа во функција на палење на атмосферата по улиците на Македонија. Додека тој ја пумпа кампањата и реториката на ВМРО ДПМНЕ, про еседесовското крило во ДУИ тврди пак дека ВМРО ДПМНЕ дале и прифатиле многу повеќе од таа платоформа, и дека не е проблемот во СДСМ. Ахмети пак над сите посочи дека Македонците се виновни за кризата сами меѓу себе, покривајќи го пумпашот кој пушта информации од договорот или платформата кој патем не е ниту финиширан.
Па така Османи во синоќешното интервју за ТВ 24 тврди дека во усогласениот предлог закон за употреба на јазиците стои дека банкнотите на денарите ќе бидат двојазични. Според експертите со кои се консултиравме, ова е во рамките на Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија, вели Османи, за деталите од договореното со СДСМ за формирање нова влада.
„Тоа е предвидено со предлогот на договорот за коалицирање што е одобрен од претседателството на партијата и врз основа на што е донесена одлуката за влегување во новата влада“. Според Османи и амблемите на полицијата и армијата во општините каде што живее повеќе од 20 % од населението со друга етничка припадност, ќе бидат двојазични. „Договорено е и судската постапка секаде каде што една од страните во процесот е од друга етничка припадност, рочиштето да се води и на тој јазик“.
На прашањето дали истото што е договорено со СДСМ го договориле и со ВМРО-ДПМНЕ, Османи изјави: „Работните групи што работеа со ВМРО, доставија одреден начелен договор, кој претседателството го оцени како недоволно за да ние дадеме поддршка на таа коалиција. Имаше одредени дилеми во однос на законот за јазик“.
Потпретседателот на ДУИ пак Изет Меџити го тврди токму спротивното.
Градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М изјави дека ВМРО–ДПМНЕ прифатиле и повеќе од тоа што првично се барало од страна на албанските партии и платфоррмата, освен СЈО.
„ВМРО-ДПМНЕ прифати и двојазичност и казни за директорите на институции каде нема да се зборува албански. Се прифатија, само за СЈО не сакаа да слушнат! Затоа не ни успеа коалицијата со нив! И за ова имаме писмени докази“, рече Меџети.