Османи: Во Софија се разговараше за идеи како да се надминат разликите

од Берта Китинска

Во Софија воспоставен е отворен дијалог за позициите на двете страни во однос на прашањата. Ние разменувавме идеи за можни решенија по однос на сите тие точки кои се споменуваат,рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на гостувањето на телевизија Канал 5, во однос на писмото од бугарското МНР.

– Овие решенија се разменети како идеи и предлози на состанокот. Идејата и договорот беше на нив да се одговори пред Самитот. Доколку имаме договор, тоа да се преточи во поддршка и тогаш би имале комплетен договор – дефиниран патоказ, прашањата кои ги решава предлогот на поругалското претседателство во однос на јазикот и позицијата на патоказот во европскиот процес и плус зелено светло за почетокт на преговоир. И имаме комплетно решение. Негативното е што овој одговор од Софија доаѓа после Советот, значи ја немаме одлуката, но предноста е што ова е индикација дека начелно се прифаќаат идеите како да се надмине проблемот, појасни Османи.

Слични содржини