Османи за идејата за Албанец претседател: ДУИ ги предизвикува стереотипите

од Берта Китинска

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на денешната прес-конференција во однос на предлогот на лидерот на партијата Али Ахмети да биде избран Албанец за претседател на државата вели дека ова прашање не е поврзано со рокови туку оваа идеја ги предизвикува стереотипите.

-Ахмети на последните состаноци со граѓаните ги објаснува двете поглавја на политичкото дејствување на ДУИ.Завршувајќи  со премиерот на влдата кој е договорен согласно договорот од 18 август, а ќе биде по последните 100 дена од оваа влада.Го промовираме концептот на еднаквост и рушење на стереотипите и оттука консезуален  е и концептот за  претседател на државата  кој останува како најдобро решение за оваа држава.Не е важан националноста туку еднаквоста, нашиот концепт е постигнување на еднаквост и рамноправност.Прашањето за кога  може да се очекува Албанец да биде претседател  не е прашање на рокови  и на динамика, ДУИ ги предизвикува стереотипите, кажа Османи.

Слични содржини