Османи за соопштението на бугарското МНР: Не се преземени обврски

од Vladimir Zorba

Обврски не се преземени. Во Софија воспоставен е отворен дијалог за позициите на двете страни во однос на прашањата. Ние разменувавме идеи за можни решенија по однос на сите тие точки кои се споменуваат, а се комплементарни на основната идеја што ја дава португалското решение, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на гостувањето на телевизија Канал 5, во однос на писмото од бугарското МНР.

– Ние разменувавме идеи за можни решенија по однос на сите тие точки коишто се спомнуваат овде, а коишто се комплементарни на основната идеја којашто ја дава португалското решение. Целта на Договорот од 2017 година е разликите да се стават во една рамка и заеднички да ги најдеме решенијата, заеднички да ги преземеме обврските, објаснува Османи.

Слични содржини