Основачот на предизвикот “кофа ладна вода”, во болница

од desk3

Основачот на предизвикот со полевање на кофа со ладна вода Питер Фрејт повторно е во болница и се бори со АЛС како “суперхерој”, соопшти неговото семејство по лажните тврдења дека Пит умрел, објави англискиот весник “Сан”.

Новинарот Мајк Барникл објави дека по неговоиот наводен разговор со пријател на семејството на Фрејтс “твитнал” дека Фрејстс (32) умре. Барникл покасно го отстрани твитот и се извини поради ширењето на неточни вести.

– Фала богу што сум погрешил – наведе Барникл во исправката.

Семејството на Фрејтс исто така објави на Фејсбук дека Пит се одмора во болница додека лекарите, медицината, молитивите и љубовта му помагаат да зајакне. Фрејтс заболе од амиотрофична латерална склероза АЛС во 2012 година а истата година се ожени и со девојка му Џули. Од тогаш инспирираше 17 милиони луѓе низ светот, наведуваќи ги да се полеваат со кофа студена вода и така да собираат средства за истражување на АЛС. Во тоа и успеа, па поради ледениот предизвик за пронаоѓањето на лекот собрани се 169 милиони фунти.

 

Слични содржини