Останува полицискиот час, надвор без маски….Владата треба да одлучи

од Берта Китинска

Притисокот врз болниците се намалува, состојбата во болниците е значајно подобра, продолжува тој тренд да нема притисок за прием, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Поради стабилизирање на состојбата Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок предложи попуштање на мерките.

-Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

-Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

-Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

-Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

-Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

-Полицискиот час останува на сила.

-Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

На потег ќе биде Главниот координативен кризен штаб, а потоа Владата која на седница ќе одлучува за предлогот.

„Сакаме да видиме дали се приближуваме кон онаа бројка од 20 заразени на сто илјади жители. Изминатите 14 дена беше околу 35 па потоа може да зборуваме за попуштање на  другите мерки “, објасни Филипче.

Слични содржини