588
Пораки за поддршка, свеќи, цвеќиња, играчки се наредени пред основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар каде пред 40 дена се случи страшниот масакр во кој настрадаа девет ученици и вработен во обезбедувањето во училиштето.
На морничава и вознемирувачка глетка наиде репортерот на „Нова.рс“ кој сними оставен куршум врз спортска капa.
За случајот е известена полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и кој го оставил таму.