Има многу необични места на Земјата, а едно од нив секако е и јапонскиот остров Окиношима, каде им е забранет пристап на жените.

Тој е сместен во Јапонското Море и се уште е дом на ритуали кои биле актуелни пред многу векови, а кои без поговор се почитуваат. На островот има бројни храмови и сите мажи кои таму се наоѓаат или доаѓаат има врска со шинтоизмот, изворна јапонска религија.
Еден од ритуалите е секој маж кој ќе стапне на островот мора да се соблече гол и да се брцне во морето, а тоа придржување на правилото го донесе овој остров на листата на УНЕСКО за заштита на нематеријално богатство.
Ништо не смее да се понесе од островот, а не смее ни да се раскажува што се случува таму. Мажите кои сакаат да го посетат имаат само една шанса годишно и тоа на 27 мај. На тој ден дозволено е да дојдат 200 посетители кои мора да ги поминат сите ритуали како и оние кои живеат таму и гостите.
Бројни теории има зошто на жените им е забранет пристап на Окиношима, според една од нив е месечниот перод на жената, затоа што таа крв се смета за нечиста, па момците забраниле земјата и храмовите да не им се извалкаат, и ете не векови подоцна приказната остана.