
Тинејџер во Франција доби три месеци условно поради името на интернет мрежата во неговиот дом. Момчето ја инкорпорирало името на мрежата “ДАЕШ” – кратенката, со кое во многу земји е позната групата ИД. “Немаше емпатија кон тероризмот,го имаше само зборот” ДАЕШ21 “, коментира адвокатот на момчето – Карим Манхули и објасни дека ќе поднесе жалба на пресудата.
Случајот со 18-годишниот тинејџер стигна до судот во градот Дижон, откако сосед го видел името на Wi-Fi мрежата како му излегува меѓу можните предлози и се јавил во полицијата, објаснуваат АФП . До условна казна пак се дојде откако момчето го одби предлогот за 100 часа општествено корисна работа.