Руски космонаути извеле речиси 8-часовна прошетка во вселената во обид да ја решат мистеријата со дупката која се појавила на надворешната страна на Меѓународната вселенска станица.

Олег Кононенко и Серггеј Прокопјев во прошетката што траела 7 часа и 45 минути ја прегледале обвивката на „Сојуз MS-09“ кој е прикачен за Меѓународната вселенска станица и поставиле термално ќебе, соопшти НАСА.
Исто така, зеле и примероци кои ќе бидат однесени на анализа. Персоналот на МВС има извршено вкупно 213 вселенски прошетки, меѓу кои четири извршил Кононенко, а две Прокопјев, пренесуваат медиумите.
Генералниот директор на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин изјави во септември дека дефектот, веројатно е предизвикан од микрометеорит и дека специјалната комисија ќе работи ан пронаоѓање на вистинската причина за дефектот.