Во вечерашната Топ Тема на телевизија Телма, Петар Богојески, еден од членовите на иницијативата
за реформи во ВМРО – ДПМНЕ, изјави дека осум функционери на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од највисокото партиско раководство, всушност од најблиското опкружување на лидерот Никола Груевски се заштитени сведоци на СЈО.

Тој рече дека нема информации дали Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков го знаат тоа и порача тие повеќе да се плашат од потезите на луѓето од своето опкружување, отколку од „реформаторите“. Таа е реалноста која забеганото раководство не ја гледа. Но битно е да расчистиме дека :
-Во СЈО ниту еден заштитен сведок не се заведува со име и презиме туку со псевдоним. Никој од реформаторите не е заштитен сведок, и затоа нека бидат релаксирани, никој од нас не е сведок, рече Богојески.
“Нашата иницијатива е да ја заживееме партиската структура за да победиме на изборите. Во последниве години услов за напредок во партијата е кој повеќе ќе искодоши некого”, рече Богојески.
За Богојески дојдено е време за нова реформа во ВМРО-ДПМНЕ.