Осуммина Британци се тепале пред локал во Центар

од Nikola Popovski

Дошло до физички инцидент меѓу осуммина државјани на Велика Британија во Скопје, информират од полицијата.

Во текот на вчерашниот во 12.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(37) од Велика Британија  пријавил дека околу 03.30 часот пред угостителски објект на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, тој и неговите пријатели Д.И., С.Д.Х, И.С.Л. и Л.К. биле физички нападнати од четири лица.

Според пријавата, напаѓачите биле исто така од Велика Британија, при што еден од нив со стаклен предмет му нанел повреда на раката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини