103
Направете го овој освежувачки сладолед и израдувајте ги вашите деца!
СОСТОЈКИ:
5-6 лажици цедевита
500 мл вода
1 портокал
шеќер, мед или засладувач по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте цедевита во вода, па додајте излупен и измиксан портокал и ако е потребно засладете.
Ставете во калапи за сладолед или во пластични чаши. Ставете во замрзнувач и за 3-4 часа имате фино освежување.