338
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп им се предаде на властите во затвор во Џорџија, каде што беше приведен и влезе во полициската евиденција под обвинение дека планирал да ја „прекрои“ волјата на гласачите во таа сојузна држава на претседателските избори во 2020 година, во кои загуби од актуелниот претседател Џо Бајден.
Трамп, кој е заведен како затвореник со број P01135809, е ослободен со кауција по 20 минути поминати во затвор, пренесува „Ројтерс“, цитирајќи податоци од затворот во округот Фултон.
Во текот на постапката тој влезе во историјата како првиот поранешен претседател на САД кој се нашол на полициска фотографија. Тој не беше фотографиран во претходните три случаи, пренесува „Гласот на Америка“.