Откажана денешната лидерска средба

од Марта Пешевска
186 прегледи

По седницата на ЦО, извори од СДСМ велат дека е откажана за денеска  закажаната лидерска средба поради одбивањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да присуствува на неа. Претпладнево се очекува ова информацијад а бие потврдена и со соопштение од кабинетот на премиерот Зоран Заев

    

Од СДСМ велат дека секогаш му даваат шредност на разговрот и дијалогот и се отворени за сите прашања, кои може да бидат отворени на маса пред лидерите на партиите.

Сепак  без присуство на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема причина да се одржува состанокот на кој требаше да присуствуваат и лидерите на ДУИ и Алијансата на Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села, било образожено синоќа на партискиот состанок на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ   потврдија дека Мицкоски не планира да се појави на средбата доколку на неа не се разговара за организирање предвремени парламентарни избори.
„Како што пред неколку дена најави претседателот, нема да се појави на лидерската средба. И доколку има некаква лидерска средба, таа лидерска средба ќе биде само за разговор за предвремени парламентарни избори“, изјави претседателка на Унијата на жени на партијата, Благица Ласовска.

На Заев му се потребни гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието за Законот за јавно обвинителство, кој е еден од условите за европската интеграција на земјата.

На лидерската средба  требаше да се расправа токму за Законот за обвинителство, пописот, Изборниот законик и други актуелни теми .