Откажана посетата на Меѓународната агенција за атомска енергија на нуклеарната централа во Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska

Службата за безбедност и сигурност на Обединетите нации (УНДСС) во последен момент ја откажа посетата на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на нуклеарната централа Запорожје, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија.

Како што потсети Министерството, генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, планирал да ја води мисијата, чија посета беше договорена на 3 јуни, пренесува ТАСС.

„Во тесна координација со агенцијата успеавме да ги решиме сите проблеми поврзани со организацијата на оваа посета, тешка со оглед на моменталните околности. Но, во последен момент, Службата за безбедност и сигурност на ОН даде црвено светло за посетата, која беше откажана. Властите на Киев го искористија ова за да ги зголемат провокациите и гранатирањето на нуклеарната централа“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Слични содржини