Според истражувањето спроведено на Универзитетот Сајмон Фрејзер, ако раѓате повеќе деца ќе го забавите процесот на стареење.

Авторите на студијата Пабло Непомнаши и Синди Бара го следеле соодносот меѓу бројот на родени деца и должината теломерите кај жените. Во истражувањето во кое биле опфатени 75 жени било утврдено дека испитаничките со повеќе деца имале подолги теломери.
Теломер е заштитниот врв на крајон на секој ДНК синџир и е клучен во процесот на стареење. Како што старееме, теломерите се скратуваат и со тоа стануваат главна причина за разградување на клетките.
„Побавното темпо на скратување на теломерите кај испитаничките со повеќе родени деца може да се припише на драматичното зголемување на естроген, хормонот што се лачи за време на бременоста. Естрогенот функционира како моќен антиоксиданс што ги штити клетките од скратување на теломерите“, изјави Непомнаши за Science Daily.
Друго прифатливо објаснување зошто поголемиот број на родени деца го забавува скратувањето на теломерите е друштвеното опкружување. Непомнаши објаснува дека жените со повеќе деца имаат поголема поддршка, како роднини и пријатели, што може да помогне во зголемување на метаболичката енергија што придонесува за одржување на ткивата и забавување на стареењето.