Откриен нов симптом на коронавирус, и ова може да биде знак на инфекција

од Stefanija Kuzmanovska
549 прегледи

Губење на мирис и вкус е еден од симптомите карактеристични за ковид-19, но истражувањето на Еврејскиот универзитет во Ерусалим покажа дека некои пациенти со ковид-19 можат да го изгубат и чувството за допир.

„Нашите откритија покажуваат дека ковид-19 има широк ефект врз хемосензорната функција и не е ограничен на губење на мирис и дека нарушувањата во овие сетила можат да бидат знак на инфекција со коронавирус“, рече професорката Маша Нив, продекан на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

Спроведени се голем број студии кои ја испитале врската помеѓу ковид-19 и губењето на мирис и вкус, но малку истражувања се насочиле на допирот, пишува N1.

Во овој случај, Глобалниот конзорциум за хемосензорни истражувања спроведе меѓународно истражување кое опфати 4.039 пациенти со ковид-19, пренесува Jerusalem Post. Оваа студија вклучува луѓе од 40 земји, а истражувачите ги анализирале сетилата за мирис, вкус и хемиски сетила пред и по болеста, при што испитаниците известиле дали има некои промени во овие сетила.

„Резултатите покажуваат дека функцијата на сетилата за мирис, вкус и допир е значително намалена за време на болеста. Овие симптоми можат да бидат важни за разликување на ковид-19 од некои други вирусни инфекции“, се вели во студијата.

Слични содржини