Откриен популарниот рецепт за омилените празнични колачи на кралското семејство (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Слаткарите од кралскиот двор на профилот на Инстаграм објавија видео од рецептот за омилените божикни колачи со цимет на кралското семејство.

Потребни состојки:

360 гр шеќер во прав
85 гр белки
20 мл сок од лимон
300 гр мелени бадеми
115 гр кандирано овошје
1/2 исецкан лимон
12 гр мелен цимет
Малку каранфилче

Подготовка:

Измешајте ги шеќерот, белките и лимоновиот сок. Една третина од смесата тргнете настрана за глазура. Во остатокот додадете ги другите состојки, замесете тесто па рассукајте го со дебелина од околу 1 сантиметар.

Завиткајте во фолија како ролат и изладете во фрижидер. Рассуканото тесто развлечете го на маса и со калапи вадете форми од него.

Слични содржини