Откриен втор случај на омикрон во Македонија

од Nikola Popovski
253 прегледи

Во Струга е потврден случај на сојот омикрон, информираа од Центарот за јавно здравје во Охрид.

Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“.

-Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на Ковид – 19, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој омикрон, изјави Струлакова – Коровешоска од Центарот за јавно здравје, објави МИА.

На 25-ти декември годинава Министерството за здравство го регистрира првиот случај на омикрон.

Во соопштението на Министерството се наведе дека станува збор за лице кое во земјава допатувало од Велика Британија, додека истото претходно, во јануари годинава, било заразено со Ковид-19.

„По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер“, објави тогаш Министерството, додавајќи дека лицето има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Слични содржини