Откриена е вистината за тоа како се прима вакцината „Спутник V“ во Русија

од Nikola Popovski

Руските лекари пријавиле дека користат различни средства за да се принудат луѓето да ја примат вакцината против Ковид-19 за која не се завршени сите клинички испитувања.

Видеото, објавено на Радио Слободна Европа, нè потсетува дека Русија започна со масовна дистрибуција на вакцината „Спутник V“ оваа недела.

Иако вакцината треба да се дава на доброволна основа, од независниот синдикат на здравствените работници велат дека тоа не е така. Анастасија Василјева од Алијансата на лекарите во видеото вели дека на лекарите им се заканува отказ доколку не ја примат вакцината „Спутник V“.

„Тоа значи дека има наредба да се изврши оваа вакцинација“, истакнала Василјева.

Сепак, она што сè уште е спорно е дека масовните испитувања на оваа вакцина воопшто не се завршени, според РСЕ, и од таму додаваат дека Москва веќе наредила вработените во 70 клиники да ја примаат оваа вакцина.

Официјално е објавено дека имало илјадници доброволци за вакцината, биле спроведени интервјуа со нив и тие биле пуштени на државните телевизиски канали.

Од друга страна, анкетите на јавното мислење покажуваат поинаква реалност – луѓето имаат големи сомнежи во врска со руската вакцина. Се покажало дека дури 59 проценти од испитаниците воопшто не би примиле вакцина.

Василјева наведува дека Алијансата на лекарите секојдневно ја повикуваат неколку здравствени работници кои бараат анонимност затоа што тврдат дека се под притисок да ја примат вакцината.

Тоа здружение веќе е во судир со официјална Москва, бидејќи од почетокот на пандемијата, ги оспорува резултатите што се пласираат во јавноста, а особено оние што се однесуваат на здравствените работници кои немилосрдно умираат од Ковид-19.

Слични содржини