Откриена тајната на убавината на Меган Маркл

од Vladimir Zorba

Лидија Селерс две години се грижела за шминката на поранешната ѕвезда на „Suits“ и идна кралска снаа. Таа открива на што Меган најмногу се потпира во однос на нејзиното лице и шминка, која ја нанесува на него.

Како актерка, вереницата на Принцот Хари е навикната да е често со професионална шминка која ги маскира недостатоците и ги нагласува предностите.

Маркл не е фан на силна шминка и претпочита да биде што е можно поприродна. Затоа, во деновите кога не снима и нема ангажмани, подготвена е да излезе за само пет минути, без да мора да поминува долго време пред огледалото.

Она што Меган најмногу го сака на нејзиното лице се пегите. Затоа нејзиниот основен услов кога ја шминкаат, е да можат тие да се гледаат. Поради оваа причина, Маркл не сака многу слоеви на фон де тен, за да го сокријат нејзиниот природен шарм. Затоа таа секогаш сака производи со многу лесна текстура и без ефект на маска.

Според Селерс, актерката не го сменила својот стил, откако станала вереница на Принцот Хари. Мешаното потекло на Маркл и комбинацијата меѓу пеги и латино изглед, се во основата на нејзиниот шарм, кој успеа да го освои не само принцот Хари, пишува „Дејли Мејл“.

Слични содржини