Иако им се препишува страв од емотивно врзување, научниците тврдат дека тоа не е вистина.
Како што велат научниците, причината зошто некои мажи остануваат ергени, токму како и Леонардо ди Каприо, се наоѓа во генетскиот код. Иако неосвоивите мажи заминуваат во легенди, во секое друштво има по еден шармантен лик кој многу жени се обиделе да го врзат за себе, но на ниту една не и успеало без разлика колку е убава и интелигентна. 
Набрзо таквите мажи стекнуваат репутација на неодговорни вечни ергени, а им се додава и стравот од емотивна врска. Сепак, шведски научници тврдат дека тоа нема никаква поврзаност со карактерот, туку со гените. Станува збор за една варијација на генот „вазопресина“, кој е одговорен за емотивно зближување и означено со бројот RS3334.
Мажите кои имаат две копии од овој ген почесто остануваат ергени, за разлика од оние кои го немаат овој ген или го имаат само во еден примерок.