Откриени 20 мигранти од Непал, приведен криумчарот

од Nikola Popovski
714 прегледи

Денеска (11.10.2023), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода В.К.(36) од с.Дамјан, радовишко, затоа што во возило комбе „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 лица мигранти од Непал.

Имено, околу 13.20 часот во близина на наплатна станица Демир Капија, во правец Неготино-Демир Капија, полициски службеници го забележале возилото и дале знак за негово запирање. Возилото продолжило со движење, по што на наплатната станица возачот го запрел и тој со уште едно лице го напуштиле местото. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а по преземени мерки бил пронајден возачот В.К., кој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба мигрантите ќе бидат сместени во прифатно-транзитен центар во Табановце и во Прифатниот центар за странци-Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини