Откриени знаци на живот на еден од сателитите на Сатурн

од desk4
118 прегледи

Истражувачите од НАСА открија во атмосферата на Титан супстанца која може да сведочи за постоењето на микороорганизми на сателити на Сатурн, објави Phys.org.

За откривање на соединението научниците користеле радиотелескопите Atacama Large Millimeter Array. На надморска височина од 200 км. над површината на сателитот е фиксирана мал концентрација на акрилонитрил – соединение кое учествува во формирањето на клеточната мембрана на микороорганизми кои можат да живеат во метан океаните.

Повеќето молекули се наоѓаат над Јужниот Пол. При ниски температури (минус 179 Целзиусови степени), кои се доминантни на Титан, акрилонитрилот се кондензира во капки и паѓа во метан езераат.

Експериментот покажува дека во северниот дел на сателитот со помош на супстанцата треба да дојде за создавање на 10.000 живи клетки на 1 кубен см., што го надминува бројот на бактериите во крајбрежните зони на копнените океани.