Водата на Земјата не била донесена од астероиди или метеорити. Таа се појавила како резултат на хемиски реакции во утробата. Ова го утврдиле ирски, канадски и кинески геофизици.

Научниците создале модел на условите кои се карактеристични за внатрешноста на нашата планета – температура околу 1400 степени Целзиусови и притисок, што е 20 000 пати поголемо од оној на површината. При слични параметри содржани во Земјината утроба силициум дикосид влегува во хемиска реакција со водородот и тоа доведува до формирање на вода и силициум хидрид.
Геофизиците заклучиле дека таквите реакции може да има на длабочина од 40 до 400 километри под површината на планетата. Се покажало дека слична интеракција може да предизвика акумулација на вода во карпите, а не по нивната површина, и притисок до 200.000 атмосфери.
При излегувањето на течноста од карпите предметниот притисок може да стане причина за силни земјотреси.
Научниците се надеваат дека во иднина да разјаснат дали опишаниот од нив феномен е карактеристичен за сите слоеви на земјината утробва или е локален. Во случај дека е локален, тоа ќе значи дека водата на нашата планета е донесена од астероиди или комети.