Ако се слуша јавното мислење, познати верници на фармерките како Џереми Кларксон и Мадона треба веднаш да го прекинат носењето . Резултатите од истражување направено во Велика Британија, покажуваат дека возраста на која луѓето треба да престанат да ги носат овој вид панталони, е 53 години, пишува во. “Дејли експрес”.

Поранешниот предводник на емисијата “Топ Гир” Кларксон е на 56 години, а Кралицата на попот – на 58, потсетува весникот.
Истражувањето на фирмата КолектПлс, посветена на практиките на Британците во носењето на фармерки, открива колку е тешко за мнозинството од нив е да откријат идеален пар. Изборот е отежнат повеќе за жените. Дамите одделуваат двојно повеќе време за пребарување на совршените фармерки – 8,5 дена против 4 дена за мажите.
Анкетата покажува дека изборот на овој вид облека често е стресно искуство. Шест проценти од учесниците во анкетата врз 2000 луѓе не кријат дека до таков степен биле вознемирени од неможноста да ги откријат идеалните фармерки дека плачеле.
Обично поданиците на Нејзиното Височество пробуваат три пара, барајќи фармерките кои ќе им одговараат совршено. Еден на секои десет лица влегол во шест или повеќе пара пред да се запре на совршениот. Иако одвоиле време за пребарување, 24 проценти од Британците признаваат дека така и не ги наоѓале идеалните фармерки. Триесет отсто од анкетираните не кријат дека на крајот се откажале од можноста да добијат добар пар.
Среќниците кои сепак откриле идеалните фармерки,се “лепат” за нив. Истражувањето покажува дека обично минуваат три години пред жителите на Островот да го преземаат следното пребарување. Еден на петмина Британци чекаат пет години, пред да купат нови фармерки. Пет проценти од анкетираните велат дека носат омилен пар во текот на десет години пред да помислат за друг.
Луѓето кои ги откриле совршените фармерки, обично ги носат пет пати пред да ги исперат. Љубителите на панталоните од тексас до таков степен се приврзани кон нив, што ги носат речиси насекаде. Над една третина од учесниците во анкетата велат дека ги сметаат фармерките за соодветна облека за театар. Една четвртина не гледаат ништо лошо во тоа да се појават на вечерна забава со нив. Пет проценти од анкетираните Британци би носеле фармерки на интервју за работа, на свадба или дури на погреб.
“Изненадувачки за нас беше да утврдиме колку луѓе сметаат дека фармерките се резервирани за помладата генерација и дека на 53 години човек треба да се откаже од нив. Тексасот е универзална ткаенина, достапна во толку многу стилови, што го прави неподвластен на времето и возраста . Потврда на тоа е фактот дека 55-годишниот Џорџ Клуни го зазема третото место на листата за најдинспиративни мажи кои носат фармерки “, вели Кетрин Вулф од фирмата,која го нарачала истражувањето.
Првенецот во листата со познати верници на фармерките е поранешниот фудбалски ас Дејвид Бекам, следен од актерот Даниел Грег. Во Топ 10 се наоѓаат уште Џорџ Клуни, принцот Хари, Џастин Тимберлејк, Том Хидлстон, Калм Бест, Џереми Кларксон, Крег Дејвид, Џуд Лоу.
Меѓу најинспиративните дами кои носат фармерки, се Мишел Кијган, Шерил Кол, војвотката на Кембриџ Кетрин, Викторија Бекам, Ријана, Мајлин Клас, Кејт Мос, Кара Делевин, Ким Кардашијан и Кимберли Волш.