Aнтичкиот град Хераклеја Синтика крај Петрич имал свој градски совет, во типично римски стил, бил сведок на едно братоубиство, го уништил земен потрес, а Ванѓа сметала дека тука е погребан македонски цар.

За Хераклеја Синтика раскажува дописникот на БГНЕС од Благоевград Божидар Стоилов. Античкиот град, почнал да се открива при ископувањата во 2007 година, а се наоѓа помеѓу селото Рупите и истоимената месност каде во мала куќичка Баба Ванѓа примаше посетители.
Признаена како медиум, исто како со Нострадамус и Едгар Кејси, Петричката пророчица тврдеше дека под Рупите има антички град уништен од природна катаклизма. Пред ископувањата античкиот град е предмет на дрски кражби и ископи, но денес малку помалку почнува да открива тајни.
Се наоѓа во југозападниот крај на ридот Кожух, а градот постоел во текот на десет века, од IV век пред Христа до VI век по новата ера. Во 340 година пр. Христа го освоил таткото на Александар Македонски – Филип Втори, кој доаѓал тука за лов на лавови.
Унгарија и Србија: Се повеќе мигранти доаѓаат од Бугарија
Тука неговиот син Персеј го убил својот брат Деметрио, за да не му ја одземе круната. Главниот град на Средна Струма и македонските кралеви во која живееле Тракијци, Македонци, Грци, Келти и Илири, го урива земјотрес во 383-388 година. Иако егистира со потреси и пожари, градот опстојува уште два века. Последното откритие тука е корито на фонтаната со три лавовските глави, од кои истекува вода.
Една од главните е отчкината. При ископувањата се откриени еротски светилник, маска на Силен, сатира на Дионис, статуетка на самиот бог на виното, театарски маски и фигури изработени работилница во самиот античкиот град. Сите овие наоди се датирани од III век.

“При ископувањата од почетокот јуни до средината на месец јули се дојде до целосно обелоденување на граѓанска базилика, која функционираше во третиот век, тие се многу ретки, во земјата нема друга така запазена Граѓанска базилика. Таа има многу големи димензии – 22 на 16 метри, а висината на ѕидовите и е 5 метри. Граѓаните влегувале во влезот, а напред – на президиумот заседавале градските првенци.
Во еден самоуправачки антички град како Хераклеја Синтика има две нивоа на управување – од една страна народно собрание, во кое влегуваат сите мажи кои имаат граѓански права, а посебно е градски совет или “боле”. Луѓето од Собранието, за да влезат во “болетот” плаќаат годишна сума “, изјави денеска директорот на Историскиот музеј во Петрич Сотир Иванов. Според него, отворените натписи сведочат дека праќале околу 500 денарии за правото да учествуваш во “градскиот совет”. Од градските советници пак се избирале магистратите.
Граѓанската базилика е изградена истовремено со делот со продавниците и со оваа фонтана со лавовските глави, кој ја откривме неодамна.
Главите се толку импресивни ги гледаме машката и женска глава, само горниот дел на фонтаната тежи над 3 тони, големината му е со 2,5 на 1,5 метри, објасни Иванов.
“Во Хераклеја има еден синтеза на население – Траки, Македонци, Грци, Келти, Римјаните, Илири. По 20-30 години тоа население создава еден тим, еден народ, кој создава отпорни граѓански традиции “, раскажа уште Сотир Иванов.
Според еден натпис, магистратот Марко Аурелиј-Котис, ја водел Хераклеја Синтика во времето на император Марко Аурелиј-Антониј или Каракаш. Во исто време Котис е едно исконско тракиско име. Директорот на Петричкиот музеј раскажа уште дека тука е пронајдена уникатна и исклучително квалитетно изработена статуетка на богот Дионис во сина боја, откриена во 40-сантиметарски слој пепел.
Ископани се керамички фигури од работилницата за театарски маски и фигури. Сето ова е најдено,а опстанало по прилично голем пожар, што значи дека биле доста квалитетно изработени, за да преживеат до нашите денови.

“Покрај пожари и инвазии, тука има дејство на природните сили. Зградата во која се наоѓаме е уништена од земјотрес во 383-388 година. Сигурни сме дека било земјотрес, бидејќи сите ѕидови се паднати во насока север-југ.
Ванѓа велела дека градот еуништен при катаклизма, но не прецизирала каква, вулкан или земјотрес. Пред повеќе од 20 години пророчицата рекла на мојата колешка од РИМ-Благоевград, дека сака да зборува со неа, тврдејќи дека тука бил погребан македонски цар. Колешката, која веќе е пензионерка се уплашила и овој разговор така и не се одржал. Но, од тогаш се смета дека тука се наоѓал градот Петра. Сега, знаејќи дека тоа е Хераклеја Синтика, знаеме сигурно дека тука е убиен синот на претпоследниот македонски цар Филип Петти, кој имал два сина “, раскажува уште Сотир Иванов.
Персеј го убива својот брат Деметрио. За време на прославата тука, Персеј, кој се плашел од тоа дека Деметрио може да стане цар наместо него, го отрул. Персеј организирал религиозна прослава, за време на кое Деметрио бил отруен.
Деметрио сепак бил многу силен и не умрел веднаш од отровот, Персеј испратил убијци, кои го задавиле неговиот брат. Самиот Филип Петти ја доживува многу тешко загубата на својот син Деметрио, но како татко тешко би можел да издаде смртна казна на единствен преживеан син Персеј. За тоа почнал да размислува да го одреди за свој наследник внукот Антигон, но умира од срцев удар во Амфиполис, пред да го посочи својот наследник.
Така братоубиецот Персеј станува владетел на Македонија. Според директорот на Историскиот музеј во Петрич има врска меѓу градовите Амфиполи крај грчкото одморалиште Аспровалта и Хераклеја Синтика. Биле во една област. “Најверојатно во Амфиполи е погребан висок воен началник”, смета Иванов. Дописникот на БГНЕС потсетува дека во Амфиполи, познат по своите фигури на лавови во природна големина, од две години течат нови ископувања. Грчките власти соопштија дека откриле сензационален гроб, но се уште не се изјасниле кој е погребан таму, бидејќи се чекаат резултатите од истражувањата. / БГНЕС