Отркиено во каква состојба е штипскиот пожарникар кој исчезна додека гаснеше пожар утрово

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Пожарникарот на ТППЕ- Штип, кој исчезна утринава додека гаснеше пожар на планината Серта е извлечен од непристапниот терен, здравствената состојба му е добра и веќе го прегледуваат лекари од Брзата помош, изјавил за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.

Тој посочи дека утринава околу 9.30 му се изгубила трагата на пожарникорот, кој има искуство од над 20 години, а во потрагата се вклучиле 15 негови колеги, полициски хеликоптер и ловци.

„Се уште сме на планината Серта, каде што имаме пожар на шума, нискостеблести растенија на површина од околу 50 хектари. За кратко ќе се повлечеме, бидејќи овде имаме непристапен терен“, вели Коцев.

Пожарот е под контрола, но со неговото гаснење ќе се продолжи утре.

Слични содржини