Во Младинскиот културен центар вечерва свечено беше отворено 12. издание на театарскиот фестивал Скупи, на кое присуствува премиерот Зоран Заев и министерот за култура Асаф Адеми. Пред публиката во следните седум дена ќе се претстават седум театарски ансамбли од регионот и Европа.
Премиерот Заев пред присутните истакна дека му претставува чест што
има можност да го отвори 12 издание на театарскиот фестивал Скупи.
– Чест ми е што вечерва можам да им се поклонам на театарските
протагонисти, ентузијасти и организатори на фестивалот Скупи, кој по 12
пат ќе ја крене завесата и кои седум дена по ред ќе ни ги отвора
театарските хоризонти по кој патуваат седум театарски ансамбли од
регионот и Европа, рече Заев. 
Тој нагласи дека пред публиката е уште едно фестивалско издание, кое
преку прикажување на прогресивни, иновативни и храбри претстави ги
отвора прашањата за актуелните општествени и социјални предизвици.
– Љуботва и страста, како суштината на театаерот прават тој да се движи да
осветлува и просветлува, да прашува и да се прашува, да вознемирува, да
го крева духот, да открива да провоцира и да крши конвенции. Театарот е
разговор со општеството. театарот е права уметност и единствената
алхемија која од сенки и тишина прави зборови, движења, светло и живот.
Секоја театарска претстава е како феникс, се издига пред очите на
публиката во еден миг, живее на сцената и се окончува со спуштањето на
завесата, нагласи премиерот.
Додаде дека од вечерва публиката и актерите на седум земји од регионот
и Европа заедно ќе го живеат театрот, ќе ни овмозжат да разбереме што
ни се случува да ги слушнеме прашањата на светот и можеби ќе ни бидат
понудени одговори, а можеби само ќе бидат поставени прашања и
дилеми.
Министер за култура Асаф Адеми истакна дека овој нтернационален
фестивал е пример како со ентузијазам и љубов може да опстои и да се
развива еден фестивал на театарот.
– Веќе 12 години оваа манифестација ненаметливо го збогатува
културниуот простор во нашата земја со претстави кои прмовираат врни
уметнички вредности и кои на јвноста и ги допловуваат акутлените
уметнички вредности во сферата на тетараот. Интернационалниот
фестивал со себе има багаж на иновативни и прогресивни претставаи кои
на задоволство на публиката и стручната јавност секогаш отвораат нови
песпективи и размислувања во контенст на општествените и социјалните
предизвици со кои се соочуваме денеска, рече Адеми.
Министерот Адеми увери дека како Министерство ќе продолжат и во
иднина ќе го одржуваат опстјувањето на овој фестивал кој поттикнува и
регинална соработка.
– Вечерва беше одиграна претставата „Татко ми го сакаше Адолф“ од
Театарот Ѓилане од Косово на авторот Мехмет Краја во режија на Илир
Бокши.