Отворен промотивен штаб на Душко Весковски во Општина Карпош – граѓаните ќе можат ги достават сите предлози

од Берта Китинска

Отворен е промотивен штаб на Душко Весковски во Општина Карпош каде граѓаните ќе можат да ги постават сите прашања и да ги достават сите предлози.

„Минатата вечер, заедно со Мила Царовска, започнавме со поделба на промотивен материјал, како би им ја доближиле нашата визија и мисија на граѓаните од Општина Карпош. Презентиравме дел од програмата и проектите планирани за Урбаните заедници Пецо Божиновски – Кочо и Кузман Јосифовски – Питу“ – истакна Весковски. Во ПБК ќе направиме реконструкција на атмосферската канализација.

Целта на овој проект е да се надминат проблемите што ги создаваат обилните дождови, при што водите што се сливаат од ул. „Козле“ и ул. „Струшка“ ги поплавуваат пониските улици и дворови.

Планирана е и реконструкција на крак од ул. „Загребска“. Целта на овој проект е да се реконструира и да се прошири кракот од ул. „Загрепска“, кој води до оваа важна здравствена установа, во која се лекуваат најмалите жители не само од нашата Општина туку и од целиот Град Скопје, па и пошироко. Овој дел од улицата сѐ уште е поплочен со
гранитна коцка, која е во исклучително лоша состојба.

Во урбаната заедница КЈП планирано е покривање на каналот на ул. „Ловќенска“. Овој проект е во тек на реализација и нашата цел е да го завршиме до крајот на 2022 година. Со тоа ќе се елиминира еден од најголемите проблеми на жителите од оваа улица во УЗ КЈП.

По претставените проекти, се упативме кон отворањето на штабот на двете урбани заедници, лоциран во Козле, спроти бензинската Макпетрол.

Новиот штаб ќе биде отворен за сите граѓани од овој дел на Карпош, каде сите ќе може да ги постават своите прашања и да ги достават своите предлози, како и да ги дознаат сите предвидени активности за наредните 4
години.

Слични содржини