Отворена изложбата на дела од годинашнава Меѓународна струмичка ликовна колонија

од desk4
108 прегледи

  Синоќа во Изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беше отворена традиционалната изложба на дела создадени на 55.Меѓународна струмичка ликовна колонија.

Раководителот  на Колонијата, Александар Филев истакна дека  од 1 до 12 август се создадени нови педесетина дела од 16 ликовни уметници од Македонија, Полска, Бугарија, Романија, Турција, Србија, Чешка и Украина.  Со тоа фондот на ликовни дела е зголемен на повеќе од 2.600, а тука се и 60-тина мозаици од Студиото за мозаик кое работи веќе 25 години во рамките на Ликовната колонија.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој им честита на ликовните творци и им се заблагодари за збогатувањето на големата ликовна збирка на Струмица.

-Ако се знае дека уметноста е продукт на нашата желба за убавината и вистината, но и од сознанието дека двете нешта не се истоветни, тогаш да ја побараме убавината во изложените дела, но и да ја замислиме вистината, таква каква што ја посакуваме, истакна градоначалникот Јаневски.

Тој на отворањето на изложбата доби портрет насликан за време на одржувањето на ликовната колонија од уметникот Радослав Ангелов Костов од Бугарија.

Отворањето на изложбата беше во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Струмица -11 Септември.