Отворена сензорна соба за деца со атипичен развоj во градинката во Радишани

од Берта Китинска

Градот Скопје и Општина Бутел изминатиов период адаптираа и опремија сензорна соба за деца со атипичен развој во градинката „11 Октомври“, работна единица „Ташко Караџа“ во населбата Радишани.


– Со заедничка инвестиција од околу 1,5 милиони денари ја опремивме досега најдобрата сензорна соба која ќе овозможи на децата со атипичен развој односно развојни задоцнувања што полесно да ги надминуваат потешкотиите, изајви денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на отворањето на сензорна соба за деца со атипичен развој во градинката во Радишани.

Тој напомена дека според искуствата токму ваков  тип на интерактивност им помага во развојот на овие деца.

-Имајќи предвид дека е голем бројот на деца со развојни задоцнувања во претшколската возраст и дека тоа е период кога најмногу може да придонесеме за нивниот развој е всушност и причината поради која инвестираме во вакви содржини кои досега ги немаше во детските градинки. Градот Скопје во последниве две и пол години сериозно инвестира во ваков тип активности и во кадар со цел на што повеќе наши сограѓани да им овозможиме поедноставување на животот. Овде нема да застанеме, сега разговаравме и за опремување на градината, на дел од дворот на градинката, која ќе биде веројатно првата сензорна отворена градина кај нас – рече денеска  Шилегов.

Слични содржини