Отворени се веб страни со лажни вести за да ја тестираат лековерноста на поддржувачите на Трамп

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 

 

 

Еден Американец отвори лажна веб страна за да провери колку може да биде бесмислена некоја приказна пред поддржувачите на Доналд Трамп да сфатат дека не е вистинска – и дојде до заклучок дека некои од нив би поверувале ама буквално во што било.

И покрај неговата цел да пишува стории во кои никој не би поверувал, Џејмс Мекданиел откри дека поддржувачите на Доналд Трамп веруваат дека Барак Обама планира државен удар од таен бункер во Белата куќа, и дека британската пејачка Адел побарала тој да биде затворен заради таквото предавство.

Тие поверувале дека Обама испратил порака на Твитер: „Трамп мора да биде остранет од позицијата по секоја цена“, и кога некој „трагач по вистината“ искоментирал на приказната дека „Обама води педофилска организација во близина на Белата куќа“ сомневајќи се дека е лажна вест, од авторот му било одговорено: „Навистина? Ако имаш барем малку поим што е вистина, тогаш сигурно знаеш дека Викиликс не објавил ниту едно нешто кое е лажно. Затоа, те молам, употреби го умот. Престани да ги слушаш комерцијалните медиуми и сфати конечно што е Вистината“.

Друг коментатор „Мери“ зачудено прашала: „Трагачу по вистината? Навистина… дали вистината те вознемирува?“

Потоа таа – наводно со иронија – постирала линк од сега веќе познатата лажна приказна за „пицагејт“, за наводниот круг за сексуална злоупотреба на деца од страна на демократите во вашингтонската пицерија, што предизвика еден наивен читател да влета во ресторанот со полуавтоматска пушка и да отвори оган.

Дваесет и осум годишниот Мекданиел, кој живее на Костарика и работи за американска прехранбена компанија, вели дека за две недели откако ја отворил веб страната undergroundnewsreport.com привлекол повеќе од еден милион посетители, и стотици илјади лајкови и споделувања на Фејсбук.

Тој продолжил со приказната за „Обама кој води педофилска група во околината на Белата куќа“ и потоа со лажната сторија за објавениот имејл од Викиликс на пораката со која Хилари Клинтон наводно го советувала тогашниот претседател да го ограничи неговото злоупотребување на деца на „средби во пицеријата“.

И покрај очигледната асоцијација на „пицагејт“, поддржувачите на Трамп одговориле со огромниот број барања до Џулијан Асанж веднаш да ги објави сите информации поврзани со Клинтон – затоа што инаку демократите би можеле да го одвлечат вниманието на Американците со „лажни вести“.

Еден читател искоментирал: „Со објавувањето на ова, дел по дел ќе им даде време да се прегрупираат и да започнат со лажни вести за Русите како ги хакирале изборите“.

Мекданиел вели дека со посетите на неговата лажна страна тој досега заработил само 615 долари, кои тој планира да ги донира за демократскиот претседателски кандидат во 2020 година.

Тој одлучил за сето ова да се отвори и прозборува откако го видел гневот и неконтролираните реакции кога тој лажно навел дека актерката Вупи Голдберг рекла дека Керин Овенс, вдовицата на загинат американски војник, „само бара внимание“ кога присуствувала на говорот на Доналд Трамп во Конгресот.

Неговата исповест доаѓа во форма на приказна која беше објавена на веб страната под наслов: „Вонредна вест: Сатирата прави будали од лековерсните поддржувачи на Трамп“.

– Кога ја отворив веб страната, немав поим дека приказните ќе привлечат толку големо внимание. Кога ги пишував, на ум имав приказни во кои никој нема да поверува, и само сакав да бидам сатиричен во времево кога информациите се толку длабоко влијателни, напиша тој. „Само од забава, одлучив да постирам некои од приказните на фан-страните на Трамп на Фејсбук за да ги видам ракциите. На мое големо изненадување, масите на Трамп ги прифатија моите приказни како факти“. скоро општо. Излезе дека не постои ништо што можев да го напишам да биде толку лудо или неверојатно да се поверува од страна на оваа посебна публика“.

– Ако напишев дека Си-Ен-Ен објавуваат лажни вести, и дека се поврзани со Исламска држава, читателите целосно само ќе се согласеа со моите фабрикувани текстови. Ако напишев дека некој црнец либерал или Обама наводно рекол нешто контроверзно, одговорот секогаш беше некотролиран расизам или омраза. Кога пишував за новите имејлови на Хилари Клинтон кои потврдуваат дека таа била манијак која жртвува деца, луѓето вриштеа и ја бараа нејзината глава“.

Во однос на обвинувањата на самиот Трамп дека медиумските куќи, меѓу кои и Си-Ен-Ен се „лажни вести“ и „непријатели на народот“, Мекданиел додава: „Навистина е ова страшно време кога големи групи врескаат „Лажни вести!“ на сиот глас, и живеат, јадат и спијат во таква лажна околина“.

Тој сега ставил и последно надполнување на неговата веб страна, поврзаио со неговата исповед, и советува: „Секој оној кој верува во оваа приказна или во која било друга приказна објавена на оваа веб страна, треба да ги прочита ова“

Индепендент – Лондон