Тренерот на Ајнтрахт (Франкфурт) Оливер Гласнер не ја криеше големата радост по победата над Барселона. „Орлите“ победија со 3:2 на „Камп Ноу“ и изборија пласман во полуфиналето на Лига Европа.
„Момците се претставија неверојатно. На крајот го направивме натпреварот поинтересен, што не мораше да се случи“, изјави селекторот на германскиот тим.
„Огромни честитки и до играчите и до нашите навивачи. Сите што беа овде денес никогаш нема да ја заборават оваа вечер. Ова е еден од оние магични моменти во фудбалот што не се купува со никакви пари“, изјави возбудениот Гласнер.
На триумфот на „Камп Ноу“ многу се радуваше и голманот на Ајнтрахт, Кевин Трап. Тој ја истакна важноста на третиот гол во корист на неговиот тим.
„Да, навистина немам зборови. Да бидам искрен, никој не го очекуваше тоа. Мислевме дека ќе мора да се браниме, а домаќините постојано ќе ја контролираат топката. Моравме да ги искористиме нашите шанси и успеавме. Ако водите против Барселона со 2-0 и примаш гол, станува страшно. Затоа се стремевме кон трет гол“, објасни Трап.