На официјалниот профил на Инстаграм на германската канцеларка Ангела Меркел е објавена историската фотографија на светските лидери од кои во преден план се токму Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп.
Според аголот на фотографијата, во ситуацијата доминира канцеларката. Авторот на оваа фотографија е официјалниот фотограф на германскиот кабинет, Јеско Дензе, кој успеал да ја фати канцеларката како стои над американскиот претседател кој седи со скрстени раце. Исто така, на масата се и францускиот претседател Емануел Макрон и британската премиерка Тереза Мај.
Неспорно е дека оваа фотографија без зборови ги дефинира и покажува неколкуте тензични ситуации на самитот Г-7 во Кадана.
Настанот беше наречен и Г-6 плус еден“ поради однесувањето и одлуките на Трамп да го повлече САД од нуклеарниот договор со Иран.
На крајот тој избега без договор со лидерите и без да учествува во подготовката на заедничкото соопштение по средбата.