„Ова е нашиот Вимблдон, лансирани 62 ракети“: Украински тенисер објави тажна ФОТОГРАФИЈА

од Nikola Popovski
175 прегледи

Поранешниот украински тенисер Сергеј Стаховски го привлече вниманието со објава на Твитер, каде го означи својот сонародник и колега Александар Долгополов.

Тие двајца неодамна ставија крај на играчката кариера и застанаа во одбрана на својот народ кој е во војна со Русија.

Стаховски и Долгополов земале оружје и униформи и со месеци се борат да ја спасат Украина од руските напади.

Сергеј често објавува слики и објави на социјалните мрежи, а сега реши војната да ја спореди со Вимблдон. Тој прикачи слики од Долгополов и од него заедно со Роџер Федерер на Вимблдон, но и една на која се гледа уништена зграда во еден украински град.

„Ова бевме ние порано… Сега ова е нашиот Вимблдон… Минатата ноќ беа лансирани 62 ракети за напад на различни градови во Украина“, напиша Стаховски во описот на сликите.

Слични содржини