„Ова е нехумано“ – Нејмар и ѕвездите на Бразил останаа без здив па мораа да добијат боци со кислород (ФОТО)

од desk2
139 прегледи

Најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар ги критикуваше условите на Естадио Ернандо Силес во Ла Паз, вели дека е нехумано да се игра на толку висока надморска височина.

Средбите во Ла Паз на 3.600 метри надморска височина секогаш се исцрпувачки за противниците на Боливија а така беше и за Бразил.

„Кариоките“ останаа без здив, па им требааа боци со кислород по крајот на натпреварот на Ернандо Силес, кој заврши 0-0.

Прв кој се пожали беше Нејмар, најскапиот фудбалер во историјата се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Нехумано е да се игра на вакви услови, терен, надморска височина, топка… се е лошо. Но среќни сме со играта која ја прикажавме и покрај тешките услови“./24 Вести

https://www.instagram.com/p/BZ4uxMoDDqK/