Ова е вистинскиот извор на зараза на коронавирусот: И смртоносната епидемија пред 10 години почнала на ист начин (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
210 прегледи

Кинеските научници соопштија дека има се повеќе докази дека лилјаците се иницијални преносители на новиот коронавирус во Кина.

Во два текста објавени денес во магазинот Природа, научниците објаснија дека со анализа на геномот на неколку пациенти од Вухан утврдиле дека овој вирус многу наликува на САРС.

Кинескиот научник Си Жен со своите колеги од Институтот за вирологија во Вухан утврдил дека секвенци на геномот земени од седум пациенти во 96 проценти се поклопуваат со коронавирусот изолиран од секвенца на геномот на лилјаците.

За САРС исто така се верува дека прво почнал кај лилјаците, а потоа преминал на летечките лисици, па потоа на луѓето, предизвикувајќи епидемија од светски размери во текот на 2002 и 2003 година.

Иако научниците се сомневаат дека најновото ширење на смртоносниот вирус во Кина почнало на рибниот пазар каде се продаваат и диви животни, се уште не е утврдено кое животно првично го пренело вирусот врз луѓето.

Според зборовите на професорот по вирологија Јан Џонс од Универзитетот Ридинг, кој не учествувал во двата последни истражувања на кинеските научници, коронавирусот всушност е една верзија на САРС која полесно се шири, но предизвикува помалку штета по заразените.

„Овој вирус користи исти рецептори преку кои влегува во чевековите ќелии, што го објаснува и начинот на пренесување и причините заради кои настанува запаление на белите дробови“, вели професорот Џонс.

 

Слични содржини