Повторно висок број на заразени лица беше забележано во вчерашната статистика. Регистрирани беа 639 нови случаи, а починаа шест лица.
„Ова не е бран, ова е цунами, сите ќе имате можност да се уверите“,коментира на својот Фејсбук профил доктор Ненад Лазаров објаснувајќи новонастанатата ситуација со вирусот.
Во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, нови случаи на КОВИД-19 беа регистрирани во:Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.039.272 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.