Ова се најчестите грешки кои ги правите со кафето

од Elena Daskalova

Сигурни сте дека нема што да се згреши кога подготвувате кафе, но нешата не се баш такви. Ако сте љубител на овој пијалак, тогаш во продолжение прочитајте дали правите некоја од следниве најчести грешки кои се прават со кафето.

Купувате пакувано кафе

Најдобриот вкус на кафе можете да го добиете од свежо измелени зрна, па затоа ако веќе сакате квалитетен пијалак, купете на мерење, наместо пакувано.

Го чувате со месеци

Со 250 грама мелено кафе можете да направите 15-20 дози. Доколку консумирате помалку, купувајте помали пакувања, за да можете да го имате најдобриот вкус цело време. Како што овошјето скапува, ферментира и менува вкус по некое време, истото се случува и со кафето. Отвореното пакување придонесува да се изгубат вкусот и аромата.

Кратка и брза подготовка

Идеално време за подготовка на кафе во кафемат е околу четири минути. Тогаш топлината е идеална и се извлекува максималниот вкусот од зрната. Кафематите може да го подготват и за минута, но тогаш не го добивате тоа што треба.

Додавање млеко и шеќер иако за тоа нема потреба

Според повеќе експерти, шеќерот и млекото се додаваат за да се прикрие лошиот вкус на кафето. Добро подготвеното и вкусно кафе воопшто не „бара“ да се додаде што било во него.

Купувате инстант кафиња

Споредено со меленото кафе или кафето во зрна, инстант кафето е многу поевтино, што ако се направи математиката, излегува дека е произведено од неквалитетни евтини зрна или од нивни остатоци.

Слични содржини