Ова се симптомите на новиот вид корона: Пристигна во регионот

од Stefanija Kuzmanovska
790 прегледи

Членови на кризниот штаб на Србија и водечки епидемиолози сметаат дека британскиот вид на коронавирус пристигнал во Србија.

Потврда дојде и од Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Белград.

„На Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Белград, викендов во Србија беше изолиран британскиот вид коронавирус“, рече проф. д-р Тања Јовановиќ, која е во тимот истражувачи кои го следат геномот на коронавирусот во Србија.

Исто така е познато како британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија: бил донесен од патничка од Лондон, која бил негативна на PCR. Имала поблаги симптоми, а нејзиниот сопруг имал потешки – билатерална пневмонија.

Новиот вид на коронавирус првпат беше откриен во септември во Велика Британија. Веќе во ноември, околу една четвртина од случаите во Лондон беа заразени со овој вид.

Научниците од Соединетите држави го идентификуваа редоследот на симптомите на новиот вид и како тие се развиваат.

Научниците ги анализираа стапките на инциденца на симптомите собрани од Светската здравствена организација од над 55.000 потврдени случаи на КОВИД-19.

Нивните откритија укажуваат дека симптомите се во следниот редослед:

Треска

Кашлица и болки во мускулите

Гадење и повраќање

Дијареа

Слични содржини