
За ученици и кандидатите за студенти низ целиот свет почнуваат стресни периоди на испити. Дали поради апликацијата на универзитет или летните испити се тоа може да ве натовари и бара концентрација.
Многу млади прибегнуваат кон стимулативни средства, за да се справат со товарот од преговарање, учењето на факти и увид во материјата. Кафе, енергетски пијалоци – сите тие се лесно достапни и популарни. Една билка сепак како средство станува сè попопуларно меѓу младите кои бараат слични ефекти и тоа е рузмаринот.
Во научна студија на Универзитетот на Нортмбрија се вели дека самиот мирис на рузмарин има својства за подобрување на меморијата и продажбата на билниот екстракт скокна за 187% само во една голема верига британски продавници. Најголем скок бил одбележан токму на почетокот на испитните сесии на островот.
Во самата студија учествувале 180 лица. Една група од нив била изложени на арома мирис на рузмарин – кај нив било забележано значително подобрување на изгледите за меморија односно способноста да се запамети нешто директно поврзано со временска рамка.
Во споредба со групата кои не била изложена на арома терапијата со рузмарин тест резултати на првата група биле во просек 15% повисоки. Според научниците, самиот мирис на рузмарин го возбудува нервниот систем и ја зголемува способноста за концентрација и набљудување. Тие истражувале и други билни средства, како маточина, жен и гинко билоба, за кои сметаат дека имаат слични ефекти како рузмарин. Комбинирањето може да доведе до дополнително подобрување на можностите за концентрација и зачувување, сметаат научниците.