ОВАА ЖЕНА ГО ОТКРИ НОВИОТ КОРОНАВИРУС: Одговори дали настанал во лабораторија, а потоа испрати важно предупредување

од Aleksandar Petrovski
204 прегледи

Пред шест месеци, Ши Женгли добила повик од кој се плашела цел живот.

Една од водечките кинески виролози од Вухан, била надвор од градот кога и било речено веднаш да се врати во лабораторијата.

Двајца хоспитализирани пациенти имале невообичаена пневмонија, а Центарот за контрола и превенција на болести во Вухан побарал нејзина стручна помош, бидејќи се стравувало дека ќе се појави нов вид вирус, што може да биде опасен за јавното здравје.

Тоа беа првите познати случаи на инфекција со коронавирус, а наредните два месеца, Женгли ги минала во лабораторија, обидувајќи се да открие сè што може за болеста ковид-19.

За неколку дена, заедно со колегите го открила геномот на коронавирус, но нејзините откритија не ја видоа веднаш светлината на денот, поради што почнаа да кружат приказни дека кинеската влада се обидува да ја прикрие епидемијата.
Кинескиот новинар Гао Ју тврди дека Женгли во една прилика му кажала дека е „замолчена“.

„Подоцна дознавме дека нејзиниот институт го завршил секвенционирањето на геномите и другите тестови на почетокот на јануари, но дека сè останало под превезот на тајноста“, рече тој.

Само една недела подоцна, тие податоци беа обелоденети.

Соопштила дека станува збор за нов вирус, а истражувањето открило дека 96 отсто е идентичен со вирусот пронајден кај лилјаците во Јунан.

Нејзиниот тим утврдил дека 5 заразени пациенти имаат исти генетски секвенци што можат да се најдат кај сите коронавируси.

За време на нејзините 16 години работење со лилјаците, Женгли открила дека суптропските области на Кина претставуваат најголем ризик за пренесување на коронавирусот од животни на луѓето.

„Никогаш не очекував вакво нешто да се случи во Вухан, централна Кина“, рекла таа.

Затоа и самата се посомневала дека некој вирус не „избегал“ од лабораторијата, но истражувањата сепак покажале дека вирусот, најверојатно, прво имал помали жаришта пред да се влоши ситуацијата во Вухан.

„Со живот гарантирам дека вирусот нема никаква врска со мојата лабораторија“, напишала таа во февруари на Фејсбук.

Женгли е еден од водечките светски истражувачи за коронавирус и открила десетици од нив во пештери на лилјаци.

Таа ја започнала својата истражувачка работа во екот на епидемијата на САРС, која се појави во 2002 година, а од 2004 година не се пријавени нови случаи.

Кога ги споредила примероците на САРС и новиот коронавирус, таа видела дека тие се слични.

Ги обиколила пештерите и земала примероци од лилјаци. Сепак, не постоеле знаци на нов коронавирус со недели. Женгли била очајна.

Тимот се подготвувал да се врати дома кога друга лабораторија им дала опрема за тестирање на антитела кај луѓе заразени со САРС.
Така, таа ги тестирала собраните примероци од лилјаци, а резултатите биле неверојатни.

Антитела на вирусот САРС се пронајдени во три вида лилјаци, што значи дека тие биле на чекор од откривањето на генетскиот код.

Се верува дека лилјаците се одговорни за 6 случаи на појава на коронавирус, вклучувајќи го и ковид-19, но експертите отсекогаш истакнувале дека проблемот се јавува кога луѓето доаѓаат во контакт со овие животни.

Женгли, од друга страна, смета дека тоа не е случај и дека епидемијата од Вухан е повик за аларм за целиот свет со цел да се најде начин да се спречи некоја следна пандемија.

„Она што го откривме е само врвот на ледениот брег. Мисијата мора да продолжи. Коронавирусите поврзани со лилјаци ќе предизвикаат повеќе жаришта и ние мора да ги најдеме пред да не најдат нас“, предупреди таа.

Во својата работа, која сè уште не минала рецензија, таа навела дека коронавирусите еволуираат, така што можат полесно да се пренесат од лилјаците на луѓето.

Слични содржини