Овчарот Иснифарис Џемаили: Груевски, Мијалков и Маневски ме уценуваа да бидам заштитен сведок против 18 судии

од Vladimir Zorba
1,2K прегледи

Овчарот осуден во случајот „Бачило“ Иснифарис Џемаили вo вечерашното интервју на Телма рече дека бил уценуван да биде заштитен сведок против врвот на СДСМ, или во спротивно ќе завршел во затвор. Груевски, Мијалков и Михајло Маневски го уценувале да биде лажен заштитен сведок за да „исечат“ 18 судии кои биле СДСМ.

– Претходната власт на чело со министерот за правда Михајло Маневски ми нудеше да бидам лажен заштитен сведок за да се одмаздат на 18 судии, тројца обвинители и Владо Бучковски – откри овчарот Иснифарис Џемаили во интервјуто на Телма.

 -Неправда беше што ме притворија, што ми го зедоа имотот. Претходната власт ме направи пепел, зашто не сакав да земам на душа 22 души, рече Џемаили.

За неговото познанство со поранешниот министер за правда Михајло Маневски, вели дека од 1973 година го познава како заменик на јавниот обвинител.

– Оттогаш има нешто друго што досега во јавност не сум го кажал, но поради тој случај што тој тогаш го направи, подоцна на истиот начин со „Бачило“ сакаше да ме искористи мене, да ги земам 18 судии, тројца јавни обвинители и Владо Бучковски на врат. И тогаш реков нека ме држат доживотно на робија, ама нема да ги земам на врат, да прифатам да бидам заштитен сведок – рече Џемаили.